Штипскиот кик-бокс клуб Гладијатор Фајт од Белград се враќа со големи резултати и многу медали!

Штипскиот кик-бокс клуб Гладијатор Фајт викендот зеде учество на силен меѓународен турнир во Белград, Србија од каде се враќа со големи резултати и многу медали.

Златен медал освои Јован Јанковски, откако во полуфинале со 3:0 славеше над српски натпреварувач, а во финале со 2:1 беше подобар исто така со српски натпреварувач. Тренерот Шенол Асанов за М Нет телевизија истакна дека е задоволен од прикажаното на Јанковски и дека се реализирало тоа што изминатиот период го тренирале и подготвувале.

Вториот медал за Гладијатор Фајт од Штип го освои Баже Јанев, кој освои второ место и сребрен медал, во полуфиналето триумфираше со 2:1, а во финалето загуби со 3:0.

Третиот медал за штипскиот кик-бокс клуб го обезбеди Антонија Тасева, која беше втора и се закити сребрен медал, а пак Марио Алексов освои бронзен медал.

Андреј Алексов турнирот во Србија го заврши на осмото место, а пак Димитар Иванов заврши на шесттото место.

Александар Ванев, М-Нет