
Од петокот до денес, во периодот од 20.00 до 02.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Полициската станица од општа надлежност Штип од СВР Штип спроведена е засилена акциска контрола на возачи на мопеди и мотоцикли. Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 113 прекршоци од нив: 17 возеле без возачка дозвола – потврда, седум управувале со нерегистрирани мотоцикли, 46 не носеле заштитен шлем, седуммина биле без полиса за осигурување и 33 останати прекршоци. На сите сторители на прекршоците издадени им се прекршочни платни налози и записници за сторен сообраќаен прекршок. Привремено се одземени три мотоцикли без соодветна документација .