
Во рамки на 6. коло од Првата футсал лига актуелниот шампион Форца со 7:4 запиша нова победа над Бутел за шест од шест и со тоа максимални 18 бодови на своето конто.
Проект однесе убедлива победа во Автокоманда откако славеше со 1:5 над екипата на Железарец, а до прва сезонска радост дојде Црна Река која славеше над Јувентус Серава со 4:9 со што тимот од Кавадарци го напушти дното.
Во Крива Паланка на триумф се радува Осогово кој беше убедлив и сигурен против Клими со 5:2, додека пак Шкупи во оваа шестто коло беше најубедлив, откако доминираше во Велес и го декласираше Кеги Моби со превисоки 2:10 со што велешкиот тим е „закован“ на дното од табелата.
По шест одиграни кола мали промени на табелата. Форца е прва со максимални 18 бодови, Проект е втор со 16 бодови, на третото место е Шкупи со 15 бодови, а пак Осогово е четврти со 13 бодови.
На петтото место е Железарец со девет бодови, Клими е шестти со пет бодови, Јувентус Серава е на седмото место со четири бодови, Црна Река ја напушти опасната зона и дното и сега е на осмото место со три бодови, Бутел е претпоследен со два бода, на дното е Кеги Моби со еден бод.
Александар Ванев, М-Нет