
Прволигашот Шкендија во пролетниот дел ќе добие нов тренер, бидејќи Адријан Нухиу не е повеќе шеф на стручниот штаб на поранешниот шампион од Тетово.
Шкендија информираше дека соработката со Нихиу е прекината спогодбено и клубот веќе е во потрага по нов тренер.
Шкендија одигра одлична полусезона и ќе презими на третото место со 35 бодови на своето конто, четири помалку од лидерот и актуелен шампион Струга Трим Лум. Во следниот период ќе се решава испразнетото тренерско место, а дали тоа ќе биде вистински потег на тетовскиот прволигаш или не останува да видиме во пролетниот дел, а кој Шкендија го отвара на гостински терен против Македонија Ѓорче Петров.
АВТОР: Александар Ванев