
Денес беше комплетирано 24. коло од Првата македонска фудбалска лига со дуелот на „Железарница“ во Автокоманда, каде Шкендија со 0:2 славеше над Скопје и го материјализираше киксот на Шкупи.
Тетовци преку Аденис Шала кој постигна убав гол од далечина дојде до водство 0:1.
Ералдо Чинари во 79. минута исто така погоди од дистанца, по асистенција на Шала и ги постави конечните 0:2.
Колку за потсетување, вчера, Академија Пандев и Шкупи ремизираа играјќи 1:1 во Струмица, Силекс со убедливи 1:5 ја „прегази“ Победа среде Прилеп, Тиквеш дома минимално загуби од Македонија ЃП со 0:1, а пак лидерот Струга Трим Љум со идентични 0:1 беше подобра од Работнички во Маџари. Екипата на Брегалница во оваа коло беше слободна.