
Тетовска Шкендија останува без искусниот Меџит Незири, откако двете страни се разделија.
Десниот бек нема да биде дел од Шкендија, а 32-годишниот Незири и тетовскиот прволигаш спогодбено ја прекинаа соработката.
Незири беше еден од клучните играч во тимот кој го предводи Ќатип Османи, а во Шкендија помина седум сезони, на кој одигра 155 официјални натпревари, а освои и три титули.
Шкендија есенскиот дел од Прва лига го заврши на третото место со 28 освоени бодови, а во пролетниот дел ќе атакува на освојување на врвот, а со тоа и на шампионската титула во домашното првенство.