
Прволигашите Шкендија и Тиквеш одиграа пријателски меч во рамки на подготовките за пролетниот дел каде поранешниот шампион од Тетово беше подобар со 2:1 од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Тиквеш.
Тиквеш прв дојде до предност со голот на Данаил Тасев, а потоа Шкендија шреку Аденис Шала израмни на 1:1.Во вториот дел искусниот Бесарт Ибраими постигна гол за конечни 2:1.
Шкендија сака излез во Европа, но и титула во домашното првенство, а пак Тиквеш атакува на сигурен и директен опстанок во фудбалската елита на Македонија.
Тиквеш пролетниот дел од Првата лига го отвара против Силекс во Кратово, а пак Шкендија против Вардар во гости.
Александар Ванев, М-Нет