
Третата рунда од Третата лига – Север беше доста ефикасна кога во прашање се постигнатите погодоци. Шкендија Арачиново без милост го „уништи“ Бутел кој имаше повеќе од ужасен меч на денешното гостување против Шкендија која ја имаше улогата на фаворит.
Јасир Беќири дури пет пати ја стресе мрежата на противникот, Аземи беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Иванов, Сула, Алији, Аљии и Исмаили.
Фаворитот за Втора лига, екипата Куманово со сигурни 0:4 славеше над Аеродром и прокнижи нови три бодови. Петре Тасевски беше двоен стрелец, а по еден гол за фаворитот постигнаа Јовановски и Филиповски.
Некогашниот второлигаш Кадино и Фортуна ги поделија бодовите откако двете екипи одиграа реми со по еден гол (1:1). Двата погодоци беа постигнати во второто полувреме откако Станоевски во 53. минута погоди а водство на домашниот тим, а Шакири четири минути подоцна ги постави конечните 1:1.
Башкими Љуботен со погодоци на Курти и Османи славеше со 2:0 над Беса Влазрими на домашен терен, а пак ланскиот второлигаш Пехчево со 3:0 беше подобар од ССК Нова во меч каде стрелци беа Јакуповси, Голубов и Јашари.
Петровец дома беше поразне од екипата на Риниа со резултат од 2:3. Гостинот со голот на Мифтар водеше со 0:1 на полувреме. Во вториот дел Азизи зголеми на 0:2, а потоа Калач и Божинов израмнија на 2:2 во 76. минута. Во финишот двете екипи влегоа во егал борба за целиот пелн, а Абудал во 89. минута погоди за конечни 2:3 и триумф за Риниа.
Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ конечно победи откако дома со 2:1 беше подобар од БВК Коњаре на домашен терен.
Тасески обезбеди предност од 1:0 за Еуромилк ГЛ на полувреме. Во вториот дел Шакири израмни на 1:1 во 64. минута, а десет минути подоцна Крстевски ги постави конечните 2:1.