Шкендија Арачиново се раздели со тренерот Љупчо Марковски – Калц

Второлигашот Шкендија Арачиново реши да се раздели со тренерот Љупчо Марковски – Калц, поразот од Скопје во директната дерби пресметка за Прва лига очигледно му пресуди на популарниот Калц и со тоа двете страни се разделуваат.

Тимот од Арачиново сега е без тренер, ќе треба да реагира и да донесе тренерско име кое што ќе продолжи да ја води битката за Прва лига бидејќи ништо не е изгубено, а тимот од Арачиново е и во историското полуфинале од Купот на Македонија, каде што ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Струга и тетовска Шкендија.

Шкендија Арачиново е втора со 39 бодови, еден помалку од лидерот Охрид, но има еден повеќе од Скопје кој е трет. Веќе в сабота Шкендија Арачиново ќе гостува кај последнопласираниот Големо Коњари, а овој на овој меч тимот од Арачиново ќе биде голем фаворит и со тоа ќе се добие на време Шкендија Арачиново да изнајде тренерско решение за замена на Љупчо Марковски – Калц.

Ова е прва тренерска промена во пролетниот дел во второлигашкиот шампионат.

Александар Ванев, М-Нет