Шишкова – Гајдарџиска: Имаме план за имунизација и здравствена заштита на населението!

За да се врати животот без мерки, без маски и без социјална дистанца потребно е масовна имунизација на населението. Со план за заштита на населението и достапност на повеќе вакцини во Штип, СДСМ ќе работи на поголема агитација на населението со цел да се победи ковид 19, истакна денеска Дијана Шишкова, кандидат за советник од СДСМ.

„По победата во недела Локалната власт предводена од СДСМ ќе работи на зголемена агитација во круговите на пензионерите за нивно вакцинирање против инфекцијата со ковид 19. Иако досегашната вакцинација даде ефект постои група пензионери што се уште немаат примено вакцина против Ковид 19, а кои спаѓаат на категоријата на загрозени поради присуство на хронични заболувања. Со нашиот проект предвидуваме активирање на волонтерска служба кои ќе вршат посета на домаќинства со стари лица, ќе им се дели информативен материјал за добродета од вакцинирањето, а во случај да се изрази подготвеност за примање вакцина ќе ги известат надлежните органи за посета во домовите на тие лица“ – кажа Дијана Шишкова – Гајдарџиска.

Само заеднички, сложно и одговорно можеме да ја победиме пандемијата . СДСМ е посветена на благосостојбата на граѓаните во секој аспект, истакна Шишкова барајќи ја довербата на штипјани на 17 октомври.

Лаура Стојанова М-Нет