Шините во Кочани празни, пола година нема воз кој минува по нив

Шините во Кочани веќе половина година се празни, односно по нив од крајот на месец април годинава возот кој одеше од Кочани до Скопје и обратно веќе го нема. Ова беше единствената редовна линија со воз која можеа да ја користат граѓаните на Кочани, од најмналите до највозрасните.

Брзото и динамично темпо на живот придонесуваат граѓаните да се одлучат наместо со воза да патуваат со друго патничко средство, пред се задари времето. Но, и условите во возот се ставени на минимум, односно нема греење зимно време, ниту клима во текот на летото. Најчесто возот се користел од страна на студентите и пензионерите кои услугата од Кочани до Скопје можеа да ја користат бесплатно. Сега веќе не постои таа опција, но граѓаните на Кочани велат дека сепак потребна е линија со воз.

Утринава на железничката станица во Кочани немаше раздвиженост, но можеше да се забележи една студена, празна и осамена слика. Всушност, шините обраснати со трева, ѓубрето разнесено од ветрот. Се обидовме да разговараме и со шефот на Железничка станица Кочани, но тој посочи дека не смее да зборува пред камери бидејќи забраната била од раководството.
Ситуацијата со празни шини не е пример само во Кочани. Граѓаните кои можевме да ги сртенеме во близина на автобуската станица во Кочани, велат дека воз нема во целиот Источен регион, а потребно е да има.

Вработените во Железница на ниво на државата неколку пати до сега штрајкуваа заради не исплата на плати. Граѓаните на Кочани велат дека ги поддржуваат штрајковите бидејќи тие луѓе заслужуваат добри услови за работа.

Но, по се изгледа железничкиот сообраќај во Истокот е реткост или со други зборови во фаза на изумирање.

Лаура Стојанова М-Нет