Шампион ФА со победа ја започна пролетната пинг-понгарска сезона, а Горан Тиловски доби нов мандат – Претседател на ППФМ

На Изборното собрание кое што вчера се одржа во Скопје, досегашниот Претседател на ППФМ, Горан Тиловски доби огромна подршка од делегатите и продолжува со нова 4 годишна функција а функицијата потпретседател ќе ја продолжи и Златко Рикаловски. На ова Собрание се избрани и органите на пинг – понгарската федерација како и Надзорниот орган.

Воедно во овој викенд започнаа и пролетните пинг-понгарски возбудувања во Супер лигата на Македонија во која штипскиот колектив Шампион ФА ја оствари првата победа. Пред налетот на штипјани „падна“ екипата на Вардар која беше поразена со резултат 4:2, по една победа извојуваа Филип Младеновски и Сашко Богатинов а две победи оствари младиот 19 годишен Дамјан Стојчев пред чиј налет падна и српски интернационалец . Засега тимот на Шампион ФА е на второто место со обезбеден плеј оф и со атак кон шампионската титула на Македонија. Според информациите од Сашко Богатинов кој воедно е и селектор, успешно стартуваше и пролетниот дел во јуниорската лига. Младиот 13 годишен Лука Стојчев одигра победнички, без пораз во конкуренција на играчи до 18 години со што го докажа својот огромен и раскошен талент и допрва од него се очекуваат уште поголеми и врвни резултати.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk