Шампионот КМФ Проект се засили со Александар Коцев и го задржа шампионскиот тим

Шампионот во Првата футсал лига, екипата на Проект го промовираше Александар Коцев како големо засилување за новата сезона, во која Проект ќе ја брани двојната круна, но ќе се подготвува и за предизвиците во квалификациите на Лигата на шампиони.

Коцев е играч кој располага со голем квалитет, а кој низ неговата кариера настапуваше за Беласица каде запиша над 150 натпревари, а ги има поминато и младинските категории на Брера Струмица.

Претходно, Проект ја продолжи соработката со играчите од минатата шампионска сезона, што е потврда за одличната работа на клубот од Јосифиво во кој тим има одлична победничка атмосфера.

Проект минатата сезона без ниту едно реми и без ниту еден пораз ја освои шампионската титула, како и Куп титулата. Проект во својата историја двапати ја освои шампионската титула, а минатата сезона за првпат и Куп титулата, за комплетирање на првата двојна круна.

Александар Ванев, М-Нет