Четири лица починаа како компликации од корона вирусот во штипската болница

Четири починати лица како последица од Ковид 19 регистрирани во изминатото деноноќие во штипската болница. Две лица од Кочани на 60 и 76 годишна возраст, едно лице на 68 години од Штип и едно од Радовиш на 78 годишна возраст ја изгубија битката со корона вирусот. Според извештајот од болницата, во последните 24 часа новопримени пациенти нема, испишани се тројца пацинети. Со ова бројот на хоспитализирани е намален, односно на болничко лекување се 38 ковид пациенти, 35 на Инфективното и три пациенти на Кожното одделение, но и 10 на дневна амбуланта. Загрижувачки е фактот дека дури 82% од хоспитализираните се на кислородна поддршка, односно 31 лице се приклучени на апарати за дишење. Вакцинирани се 17 лица, а слободни се 32 ковид кревети, 25 на Инфективното и седум на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската Општа болница на Интерното одделение кое работи како ковид оддел хоспиталиизрани се шест пациенти, од кои четири се вакцинирани, а еден е на кислородна поддршка. Нема новопиемени, ниту испишани пациенти, информираат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 379 ковид слуачи од кои најмногу во Штип 119 и во Кочани 118. Двоцифрена е бројката во останатите опшштини од Истокот, освен во пехчево каде по подолг временски период бројката се спушти под 10.

Според информации од Министертсвото за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.

Лаура Стојанова М-Нет