Чаир без мака го совлада Астибо во Штип, стандардно најефикасна беше Анчева со 11 гола!

Ракометарките на Чаир во одложениот меч од 5. коло од Суперлигата без проблеми славеа на гостување во Штип каде триумфира со 26:42 над Астибо.

Без многу проблеми Чаир дојде до триумф уште во првиот дел, каде на полувреме резултатот беше 10:24 за госитнскиот тим, а во вториот дел формално и на рутина Чаир ја потврди големата победа.

Најефикасна ракометарка во таборот на Чаир беше Михаела Ангеловска со осум погодоци, а пак Биљана Дамчевска и Теодора Дукоска постигнаа по шест погодоци. Кај Астибо сосема очекувано најдобра беше искусната Марија Анчева, штипјанката постигна 11 погодоци.

Во следно коло Астибо е слободен, а потоа во рамки на осмата рунда штипскиот суперлигаш ќе гостува кај последнопласираната Стружанка, која и понатаму нема бодови во групата А.

ќе следува вистинска борба меѓу Астибо и Скопје за второто место кое води во плеј-офот, со оглед на тоа што таму фаворит за првото место и засега оди според планот е Чаир.

Александар Ванев, М-Нет