„Здрава храна од македонската традиционална кујна“ – ДГ „Астибо“ Штип го одбележа денот на храната

Зелник, гравче, разни салати, десерт од овошје и уште многу други специјалитети се најдоа денеска на трпезата во детската градинка „Астибо“ во Штип. Дечињата заеднички со нивните родители, баби и дедовци подготвија традиционалана македонска храна. На овој начин се одбележа светскиот ден на храната, а акцентот беше ставен на македонската традиционалана кујна.

„Детската градинка „Астибо“ го одработува проектот во соработка со родителите, по повод светскиот ден на храната. Мотото ни е „Здрава храна од нашата македонска традиционална кујна“. Родителите, бабиѕте, дедовците се потрудиле да изработат нешто навистина вкусно“ – вели Митров.

Целта на ваквите активности е децата од најмали нозе да научат да се хранат здраво и да се негува македонската храна и традиционаланата кујна која ја имаме. Градоначалникот, Јорданов, посочи дека тие како Локална самоуправа секогаш ќе даваат поддршка за вакви и слични настани.

„На младите наши генерации, дечињата од предучилишна возраст треба да се едуцираат за традициите, за традиционалната кујна која ја имаме. Наш приоритет е заедно со детските градинки како Локална самоуправа мораме да се посветиме исхраната да биде квалитетна и здрава.“ – вели Јорданов.

Денот на храната се одбележува секоја година на различне начин со различна тема во детската градинка Астибо. Лани дечињата правеа јадења од тиква.

Лаура Стојанова М-Нет