Центарот за развој на ИПР со низа завршени проекти ја започна новата година

Актуелни теми во моментот во Центарот за развој на источно плански регион се завршните проекти за регионален развој за 2020 година. Станува збор за повеќе активности кои се опфатени на ниво на 11 општини во Источниот дел на државата, работи за подобрување на инфраструктура проекти за обновување и реконструкција на паркови, игралишта, многу капитални проекти и слично. Комплетно е завршен проектот за уредување на Пехчевските водопади и изградбата на Б платформата во Општина Штип, како и реконструкцијата на домот за млади „Тошо Арсов“ во Виница, чие пуштање во употреба се очекува за во месец август годинава.

Овој центар е единствениот за меѓугранична соработка, односно соработка меѓу нашата држава и Република Бугарија. Во моментот се работи на спроведување на два проекти со 85%  финансии од ЕУ.

Центарот за развој на Источно плански регион има планирано и поднесено повеќе проекти и во тековната 2021 година.

Предвидените проекти за 2021 година се со висина од околу 50 милиони денари од кои што 33 милиони денари се од програмата а останатото е кофинансирање од општините коишто се партнери во овие предлог проекти. 2020 година овој центар ја заврши со Програмата за зачувување на природата, проект финансиран од Швајцарската влада, со што последна фаза беше изработка на промотивни материјали за регионот кои ќе бидат пуштени од понеделник.

Лаура Стојанова М-Нет