Цените на зеленчукот и оризот може да се замрзнат, но никако да се намалат децидни се продавачите

„Замрзнување“ на цените на основните производи или најавената „есенска“ кошничка ќе го подобри стандардот на граѓаните, ношто истата ќе донесе за произведувачите и продавачи. Согласно претходните изјави на министерот за економија, 100 производи меѓу кои и овошјето, зеленчукот, оризот ќе бидат на листата производи со замрзнати цени или пак со ограничена маржа.

Произведувачите на зеленчук велат дека замрзнувањето е прифатливо до некаде, но за намалување на сегашните цени на производите не може ниту да се зборува. Децидни се дека во тој случај тие ќе бидат во загуба.

„Се зависи од тоа колку роба иамме, замрзнувањето нема да влијае.“

Но прво требаше да се намалат цените на ѓубрињата. Бидејќи ако се намалт цените на производите јас за 3000 денари треба да дама 300 модри патлиџани. Со ист став се и произведувачите на бело злато. Оризот на пазарот во Штип се продава по цена од 100 до 120 денари за килограм во зависност од квалитетот. Ако цената остане иста ќе биде во ред, но ако се намали цената на килограм ориз во тој случај тие ќе бидат во загуба.

„Ако се намали цената на оризот ќе биде катастрофа. Може да се замрзнат цените, но под оваа цена нема шанси да се продава оризот“ – додаваат проиозведувачите на ориз. Во меѓувреме согласно потребите на граѓаните и она што најлчесто се купува ќе се прават предновогодишна, пролетна кошничка со цел да се намали инфлацијата во државата.

Лаура Стојанова М-Нет