
Ако Владата не реагира навремено со намалување на акцизата на горивата такси услугата ќе се зголеми за 100%. Денеска во Штип се одржа состанок на претставници на такси компании од цела држава кои заеднички дискутираа за решавањена овој проблем. Глигор Арсов, претседател на Такси 2003 Штип вели дека со трендот на покачување на горивата голем дел од комапаниите веќе затворија, а останатите едвај опстануваат.
„Ако оди горивото 90 – 100 денари значи тоа ќе биде 100% покачување. Нашата официјална цена е уште 50 денари старт, ние со ново веќе би оделе на 100 денари, бидејќи тоа е реалноста на 90 денари гориво, со 100 денари само да покриеме основните трошоци, плата, делови. Мислам дека секаде со 100% би се одило на покачување ако државата по можност не ги намали акцизите“ – вели Арсов.
Тешка е ситуацијата и со такси услуата во Тетотво вели потпретседателот на асоцијацијата на такси превознци во државата, Зоран Томовски. Покрај цената голем проблем се и дивите таксисти.
„Дивото работење, најголема болка е дивото работење. Ние што работиме со лиценца со пријавени од 15 до 50 вработени како кој се соочуваме и со зголемување на минималната плата, а воедно и зголемување на цената на горивата. Знаеме колку е моќта на Македонија, знаеме дека сиромаштија е голема, граѓаните барем до болница не можат да отидат, а ние цената сакале или не мора да ја покачиме“ – додава Томовски.
Инаку, ако се покачи цената на такси услугата најголемиот товар повторно паѓа на грбот на граѓаните од една страна, но од друга страна таксистите ги губат своите патници. Само за пример во Тетово вчера било највено покачување на такси услугата за десет денари, денеска 50% од патниците не ја користеле оваа услуга.
Лаура Стојанова М-Нет