Цветковски потпиша до 2029: Вардар ја осигура иднината со 16-годишниот бисер


ФК Вардар продолжува со стратегијата на вложување во млади и перспективни фудбалери. Клубот денеска официјално соопшти дека младиот талент Филип Цветковски потпишал тригодишен договор, со што својата иднина ја врзува за „црвено-црните“ до 2029 година.
Цветковски, иако има само 16 години, веќе дебитираше за првиот тим на Вардар. Тој ги запиша своите први минути во првиот натпревар од вториот дел од сезоната во Прва македонска фудбалска лига, при што остави солиден впечаток и ги оправда очекувањата на стручниот штаб.
Од клубот потенцираат дека Цветковски претставува еден од најперспективните производи на вардаровата школа, а новиот договор е доказ за довербата што му се укажува. Раководството најавува целосна поддршка во неговиот понатамошен развој, со цел младиот фудбалер да израсне во носител на играта и значајно име на македонската фудбалска сцена.