
По повод светски ден на здравјето и 30 годишниот јубилеј на царината, царинската управа денеска организираше крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип. Над десетина вработени во царинската управа утринава даруваа крв, со единствена цел да бидат хумани и да спасат нечии живот.
„Денес се одржа крводарителска акција, може да кажам дека има два поводи, денес е 7 април ден на јавното здравје и вториот повод е претстојниот празник на царинската управа 14 април каде оваа година одбележуваме 30 години од постоењето на царинската управа“ – кажа Спасовски.
Честитки за денешениот празник, како и голема благодарност за организацираната крводарителска акција упати и доктор Мери Шорова.
„Сакам да го честитам денот на здравјето на сите здравствени работници на сите крводарители наши. Чест ми е и задоволство што по повод тој ден царинската управа на град Штип се одлучи нивниот 30 годишен јубилеј да го одбележи токму со крводарување“ – додаде Шорова.
Дел од вработените во царинската управа крв даруваа по трети, петти, а некој од нив и по 41 пат. Задоволството за нив огромно.
Инаку, пред два дена царинската управа по повод 30 годишниот јубилеј засади 30 садници на граничниот премин Делчево.
Лаура Стојанова М-Нет