
На достоинствен начин, наклон до земја и желба што побрзо да помине ковид пандемијата, директорот на Клиничка болница Штип, доктор Ален Георгијев го честиташе 7 април – Светскиот ден на здравјето. Поради ситуацијата со пандемијата нема да има прослава за одбележување на најтешката година до сега во здравството, додава Георгијев.
„Сакам денешниот ден 7 Април, светскиот ден на здравјето да им го честитам на сите здравствени работници и соработници и останатиот персонал во КБ Штип. Уште еднаш мојот наклон до земја за се она со што се соочуваа овие две години, покажаа дека се мотивирани хероите на нашето време, посакувам добро здравје на сите и оваа состојба со короната што побрзо да заврши“ – кажа Георгијев.
Светската здравствена организација пак денешниот ден го одбележува под мотото „Нашата планета, нашето здравје“. Уште еднаш денес се истакнуваат недостатоците во општеството кои на виделина излегоа поради ковид 19 пандемијата, но и желбата истата да заврши.
„Пандемијата откри слабости во сите области во општеството и ја постави итноста за создавање општества посветени на постигнување првично здравје за нас и за идните генерации пред да се прекршуваат еколошките граници“ – кажа Шуманска.
Според проценките на Светската здравствена организација повеќе од 13 милиони смртни случаи во светот секоја година, се должат на економските причини што лушето сами може да ги избегнат.
Клиничка болница Штип како центар во Истокот покажува дека и од криза и од пандемија може да се излезе силно и достоинствено.
Лаура Стојанова М-Нет