Хуманитерен меч во Виница меѓу Слога и Гостивар за трагедијата во Кочани, газдата на прволигашот донираше еден милион денари!

Вчера на Градскиот стадион во Виница се одигра хуманитерен натпревар за настрадатени од големата трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

Мечот беше меѓу третолигашот Слога и прволигашот Гостивар, а приходите во износ 34.110 денари кои беа собрани од кутија за донации се наменети за семејствата на загинатите девојчиња од Виница во оваа голема трагедија.

Својата голема хуманост ја покажа и газдата на прволигашот Госитвар кој донираше еден милион денари за настраданите од трагедијата во Кочани.

Судијата Александар Ананиев во 59. минута го прекина мечот во чест на 59-те жртви.

Уште еден се потврдува дека спортските клубови ја покажуваат солидарност и донираат за сите настраданите од оваа голема трагедија која ја зави Македонија во црно.

Александар Ванев, М-Нет