Хуманитарен базар во Виница за помош на Тошо Лазаров, виничани ја покажаа хуманоста на дело

Хуманитарен базар во Општина Виница за собирање на средства за помош за лекување на Тошо Лазаров. Денеска на плоштадот во Виница се спроведе поинаква хуманитарна акција, по примерот на европските градови, организирана од страна на Здружението „Умиление“ Виница . Голем број фирми, но и граѓани, општествено одговорни компании со ваучери помогнаа за побрзо да се соберат средства за лекување на Лазаров во Ниш. Претседателката, Рената Николовска истакна дека за Лазаров се отворени и трансакциски сметки, како и телефонски броеви за граѓаните да може да донираат и да му помогнат да замине на лекување во Ниш.

“Ова е акција која денеска ја спроведуваме е нешто ново за нас. Јас го видов во една друга држава, во едно слично гратче слично на Виница, каде луѓето се самоорганизираа за лекување на едно дете. Го видов како една нова, убава идеја. Во тој момент во Виница имаше двајца наши сограѓани кои имаа потреба од финансиски средства за лекување. За едниот се собраа почетни средства за лекување во Ниш, но за другиот наш сограѓанин за кој денеска е акцијата се собираат средства за да може да се лекува во Ниш.“ – вели Николовска.

Посетеноста од страна ан граѓаните е задоволителна додава Николовска, а поддршка добија и од страна на Општина Виница, и голем број фирми.

„Се пријавија многу фирми од Виница, на мое огромно задволство. Преку купување на ваучери тие донираат за Тошо Лазаров“ – додава Николвска.

Хуманитарното здружение функционира на територија на неколку општини во крајниот Истокот, а од неоддамна и во Македонска Каменица. Базарот како денешниот се организира за првпат во Виница, а претходно хуманитарно се дејствуваше преку хуманитарни акции. Само денеска се собраа над илјада евра донации.

Лаура Стојанова М-Нет