
Од 4ти мај годинава започна имунизацијата на населението во салата Јордан Мијалков во Штип за граѓаните од Источниот и струмичкиот регион. Процесот на вакцина и ревакцина се одвива непречено до денеска благодарение на хероите, лицата кои секојјдневно се вклучени и работат или волонтираат во овој вакцинален пункт.
“Со работа ние започнавме на 4ти Мај, и до денес се вакцинирани над 16 000 наши сограѓани, ако ја собереме бројката од регионалните здравствени домови што подигаат вакцини надминува некаде околу 20 000 граѓани. До Петок ние ја завршуваме ревакцинацијата и од Понеделник веќе очекуваме да стартуваме со прва доза.„ – кажа координаторот за вакцинација, Дијана Коцева Миланова.
Еден работен ден во вакциналниот пункт во Штип поминува доста динамично. Во зависност од бројот на пациенти кои треба да примаат прва или втора доза вакцина зависи и напорот и трудот вложени од стана на лицата кои секојдневно неуморно даваат се од себе за да се аплицира вакцина плус.
“Работниот ден започнува со многу луѓе, бурно, со многу работа, меѓутоа потешкотии со работата нема. Сите медицински сестри одговорно си ѓи извршуаваат своите работни задачи. Потешкотии во работата нема.„- истакна главната медицинска сестра, Јулија Димитрова.
Придонесот на сите вклучени страни во процесот на имунизација забележителен. Лицата кои примиле веќе втора доза на вакцина задоволни од организацијата, од персоналот и начинот на одвивање на вакцинацијата.
Борците, хероите и хероините кои секојдневно се во првите редови за помош, грижа покажуваат дека со нив е полесно да се стави крај на една ваква пандемија. Тие продолжуваат со работа во вакциналниот пункт Јордан Мијалков во Штип, за што е можно повеќе граѓани да бидат вакцинирани и побрзо да се стави крај на ова зло.
Лаура Стојанова М-Нет