ФФМ: Работиме на воведување на ВАР!

Натпревар  меѓу Струга ТЉ и Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашиот фудбал.

Сериозните судиски грешки доведоа до значителна неправда за тимовите во МФЛ и не само што предизвика разочарување и гнев, туку ја потенцираше потребата за брзи дејствија во насока на подобрување на судењето и спроведување на праведноста.

ФФМ преку соопштение потенцираше дека судиските грешки довеле до значителни неправди, за таа цел ФФМ работи на воведување на ВАР.

“Во текот на сезоната, се соочивме со судиски грешки кои директно влијаеа на интегритетот на фудбалската играта. Последните судиски грешки, но и грешките во изминатите кола од МФЛ, не принудуваат да се движиме побрзо кон подобрување и праведност во македонскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.

Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги.
Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологијата тоа да не се оствари, бидејќи овој чекор е критичен за ефективното воведување и функционирање на ВАР технологијата.

Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме”, се вели во соопштението на ФФМ.

Фудбалот не е само игра, туку симбол на спортска правда и рамноправност. Во срцето на секој натпревар е желбата за фер-плеј, каде секој тим има еднакви шанси за успех.

“Паралелно со овие напори, ФФМ континуирано инвестира во професионалниот развој на нашите судии. Редовно ги испраќаме на обуки и семинари во рамките на УЕФА со цел подобрување на нивните вештини и способности за правилно судење.
Ние сме посветени на обезбедување на највисоки стандарди во нашиот фудбал и веруваме дека овие чекори ќе придонесат кон правичен и квалитетен фудбалски исход”, велат од ФФМ преку соопштение за јавноста.