Футсал репрезентацијата на Македонија поразена фаворитот Португалија во квалифиакции за пласман на ЕП

ФОТО: ФФМ

Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа нов проаз од фаворитот Португалија, откако во рамки на 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство загуби со 3:0.

Португалците резултатот го отворија преку Хуго Мигел за водство од 1:0, а потоа Мигел со втор гол зголеми на 2:0 за Португалија. Конечниот резултат кој гласеше 3:0 го поставо Бруно Коељо.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски и во претходното коло исто така беа поразени од Португалија со убедливи 5:1, во меч кој се играше во Скопје во спортската сала „Јане Сандански“.

Македонија е во групата 7 и се наоѓа на дното од табелата со едно реми и три порази. Првата е Португалија која има четири од четири и максимални 12 бодови на своето конто, на второто место е Холандија со пет бодови, трета е Андора која има три бодови од три ремија и еден пораз, а пак Македонија е последна во групата односно четврта со само еден бод и скор од едно реми и три порази. На 7. март Македонија на домашен терен ќе игра против Холандија и ќе ја бара првата победа.

Европското првенство се игра во Летонија и Литванија во период од 18. јануари до 8. февруари 2026 година.

Александар Ванев, М-Нет