Фустанот на Марија Атанасова повторно ставен на јавна аукција, со средствата ќе се организира новогодишна забава за децата

Фустанот на пеачката Марија Атанасова од овогодишното издание на фестивалот Макфест моментално ставен на јавна аукција во продажниот салон Аџико во Штип. Овој салон во изминатиот период излезе во пресрет за да го купи истиот, откако се откажа купецот и со собраните средства се обезбеди клима уред на дечињата од дневниот цнтар. Сега истиот е повторно на продажба со цел од собраните средства се организира предновогодишна забава за сите дечиња од Штип и државата.

“Фустанот беше ставен еднаш на јавна аукција после настапот на Макфест. Тој што требаше да го купи се откажа од купувањето на фустанот и еве Аџико ни излезе во пресрет и го купи фустанот и сега повторно е ставен на аукција, а парите ќе бидат повторно насочени за децата со посебни потреби. Од продажбата првиот пат им однесовме клима на дечињата во дневниот центар за греење, а сега повторно ставен на продажба за да организираме предновогодишна забава, затоа што неколку години не им е организирана никаква предновогодишна забава.“, вели Атанасова

Уметничкото дело е изработено од рацете на дечињата од градинката Астибо заедно со дечињата од дневните центри од Штип, истакна Атанасова

Инаку, Марија Атанасова на овогодишното издание од фестивалот Макфест се претстави со песната „Ти си ми се“ , која сега е сместена во листата на омилени песни кај сите нејзини слушатели.

Лаура Стојанова, М-Нет