БВК Коњаре домаќин на Башкими Љуботен, Шкендија Арачиново против Аеродром, Кадино домаќин на Ржаничино

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Север, натпревари кои требаше да се одиграат минатиот викенд, но обилните врнежи од дожд ги одложија натпревари за овој викенд.

Колото ќе се отвори утре со мечот меѓу лидерот Шкендија Арачиново и четвртопласираниот Аеродром, во меч каде домаќинот ќе биде одново фаворит за трите бодови.

Останатите натпревари се играат в недела. БВК Коњаре против Башкими Љуботен ќе бара три бодови за да биде во првите пет, а пак гостинот ќе сака петта сезонска победа.

Куманово како фаворит ќе атакува на нови три бодови против последниот пласираниот Њу Старс, кој пак млад тим ќе сака три бодови за излез од опасната зона.

Пчиња и Академија Илинден ќе се соочат во дуел од долниот дел на табелата, екс второлигашот Кадино ќе игра против новајлијата Ржаничино во израмнет меч.

Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ ќе се соочи со Беса Влазрими и ќе бара враќа на победничките патеки, а пак Риниа на домашен терен ќе има тешка задача против фаворитот Фортуна, која го има најдобриот стрелец Орфан Мифтар.

Сите натпревари ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет