Фудбал: Интересно третолигашко коло, Карбинци во Св. Николе, Малеш во Радовиш,Брегалница во Василево

Второто коло во рамките на Третатафудбалска лига на Македонија – Исток нуди интересни и возбудливи натпревари. По одиграното прво коло во кое беа постигнати рекордни 24 голови на 6 натпревари, се очекува нова офанзива со можеби нов рекорд.

Ова го најавуваат екипите кои откако беа поразени сега ќе имаат шанса за поправен испит со евентуални први победи. Од шесте натпревари на првите три освоени бодови се радуваа

екипите на Хоризонт, Малеш, Работник, Чешиново и Спартмани додека Карбинци и Брегалница од Делчево одиграа нерешено 1:1 и поделија по еден бод. Еве ги комплетните парови за ова 2 првенствено коло:

Хоризонт Т – Спартмани

Тиверија – Раклиш

Детонит – Малеш

Василево – Брегалница Д

Работник -Чешиново

Овче Поле – Карбинци

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 18 октомври со почеток во 14.30 ч. без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk