Фудбалските второлигаши од групата Исток во сабота ќе го одиграат седмото коло

Фудбалските второлигаши од групата Исток ќе ги одиграат натпреварите од редовното 7 коло. Најинтересно ќе биде во Гевгелија на натпреварот на Кожув со лидерот на табелата Каменица Саса како и на традиционалниот комшински дерби натпревар Кит Го – Слога Виница. Еве ги комплетните парови за ова 7 коло:

  1. Победа – Братство
  2. Детонит – Локомотива
  3. Беласица – Осогово
  4. Кожув – Каменица Саса
  5. Кит Го – Слога

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 16 октомври 2021 г. со почеток во 14.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk