СДСМ со порака до граѓаните, во недела да го изберат најдоброто за својата општина

На последниот ден од изборната кампања презентирано сработеното во претходниот период од страна на СДСМ. Кандидатот за градоначалник, Сашко Николов истакна дека како што се работело до сега ќе се продолжи и во иднина бидејќи Штип го заслужува најдоброто. Реконструкација на детски градинки, изграден нов мост на река Брегалница, реконструирани патишта и улици, чиста и питка вопда за пиење се само дел од проектите кои ги презентиораше Николов.

„Започнавме со изградба на пешачки конзоли на река Отиња, во завршна фаза е целосна реконструкција на улиците Панче Караѓозов и Личка, течат активности за изградба на канализациона мрежа во населба Горна Железничка, градење на крстосница во населба Сењак, завршени паркови површини во Ново село, го решивме деценискиот проблем со водоснабдување“ – кажа Николов.

Трудот на СДСМ го гледа секоја, кажа носителот на советничката листа, Александар Мишев, со цел Штип да биде унапредена и модерна општина. Потпирајќи се на досега сработеното, и сега ветеното Мишев побара од граѓаните да го изберат најдоборото за Штип.

„Нашиот мудар народ рекол „Тешко е да се гради, лесно е да се руши“. СДСМ се вложи себе во темелите на државата и до ден денес работи на градење на нашата држава. Ние решаваме децениски проблеми, тие ги создаваат. Сега е момент за одлука, одберете го најдоброто за вас и вашите деца„ – додаде Мишев.

Секој граѓанин да го оставари своето демократско право на глас во недела фер и демократски, повика Николов.

Лаура Стојанова М-Нет