Фудбалерите заминуваат од Брегалница, кои играчи ќе останат во штипскиот второлигаш?

Фудбалерите еден по еден заминуваат од штипска Брегалница, па се отвара прашањето кои фудбалери ќе останат во дресот на второлигашот од Штип за следната сезона 2025/2026?

Клубот е пред превземање односно продажба на турски инвеститор, но фудбалерите не чекаат и бараат нови средини за продолжување на своите кариери.

Веќе од клубот замина голманот Дамјан Серафимов, како и браќата Димитриј и Стојан Попоски и Виктор Наумовски кои се нови играчи на Охрид, заминаа и Димитриј Дитириевски и Иван Глигоров, замина и Лука Георгиев кој е слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, а од Брегалница заминува и Стефан Бабунски, како и искусниот Зоран Даноски.

Според нашите информации понуди и разговори има и за Горан Томовски и Давид Стојков.

Ова значи дека речиси цел тим на Брегалница заминува, па новиот инветитор, новата управа и новиот стручен штаб ќе имаат многу работи да изградат тим за старт на сезоната.

Не е познати ниту кога Брегалница ќе ги започне подготовките, ниту пак каков ќе биде планот за подготовки и утврдување на распоредот за одигрување на пријателски натпревари.

Новата сезона започнува на 23 август, дел од второлигашите ги започнаа подготовките и го утврдија планот за одигрување на пријателски натпревари, а дел ќе ги започнат подготовките во следниот период, но во Брегалница засега не се знае ништо, барем се до официјалното превземање на клубот од страна на турскиот инвеститор.

Александар Ванев, М-Нет