
Овој викенд се одржува Европското првенство за кадети, јуниор и постари јуниори У-21 во Полска, каде од карате клубот Штип настапуваат шест репрезентативци, што е најмногу од сите клубови од Македонија.
Веќе денес на првиот дел од Европското првенство, штипјанката Душица Бреслиева го освои бронзениот медал во категорија -54 килограми, што е огромен успех за младата каратиска.
Голем успех за карате клубот Штип, а градот треба да биде горд на Бреслиева за овој голем успех, за ова одлично претстаување и бранење на боите на Македонија, за веењето на македонското знаме со голема среќа, радост и емоции.

Четири големи победи против репрезентативки на Италија, Швајцарија, Португалија и големата Турција, а минимален пораз од репрезентативка на Украина.
„Прекрасен ден за нас како тренери, атмосферата е одлучина и утре сите заедно сме со Драгана Ефтимовска и Љупхе Михајлов“, вели тренерот Жарко Арсовски, кој е во Полска.
Александар Ванев, М-Нет