
Денеска фото-објективот на МНет забележа вообичаени „патници“ залутани во времето. Ги забележавме во близина на Штип, во село Врсаково.
Стоеја на вообичаено место, во своите од лани оставени гнезда, зачудени и малку подисплашени. Што е со нашиот биолошки часовник? Што е со нашата неприкосновена временска и просторна ориентација? Дали залутавме во времето или во просторот?!

Стоеја и како да бараа помош, да ја решат дилемата. Ни порачаа: Информирајте ги ловечките друштва и други хумани организации за адекватна прихрана, ако продолжи ваквото време, во кое не можат да си обезбедат храна.
Токму тоа и го правиме, па очекуваме дека релевантните друштва ќе ги имаат во предвид овие штркови и нивниот проблем.
Трајче Андонов / МНет ХД
