
Екипата на Слога Виница со победа ги заврши припремите за престојната полусезона, а денес со 2:0 ја доби “генералката” против амбициозниот третолигаш Вардар Неготино.
Стрелец на двата погодоци за второлигашот од Виница беше Давид Манџуковски.
Слога пролетниот дел ги отвара дома против велешки Борец.


