(Фото) Општина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на Вардар

На барање на Општина Карпош, Град Скопје деновиве постави клупи и корпи за отпадоци долж пешачката патека на кејот на реката Вардар, во делот на локалната самоуправа, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до „Железниот мост“, во населбата Влае.

„Со оваа акција, се подигнува степенот на квалитетот и квантитетот на урбаната опрема и урбаната инфраструктура на територијата на локалната самоуправа, во една од најзначајните и најфрекфентните рекреативни зони во градот.

Оваа иницијатива претставува пример за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, кои до сега соработувале во повеќе ситуации. Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, на совесно и одговорно однесување и чување на урбаната опрема и урбаните реквизити, како наше заедничко урбано и јавно добро“, велат од Општина Карпош.

Текстот (Фото) Општина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на Вардар е превземен од МАКФАКС.