ФОТО: Новаци убедлив на тест-мечот со Велазерими

Новаци денес одигра нов контролен натпревар пред почетокот на неизвесната и пеколната пролетна полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Новаци кој претендира за влез во Втора лига денес се тестираше на домашен терен со екипата на Велазерими, а на овој меч Новаци беше далеку подобар и со 4:0 ја завери убедливата победа, која ќе биде силен мотив пред неизвесната пролет за овој третолигаш.

До убедливиот триумф Новаци стигна со погодоците на Стефан Јовановски, Михаил Котевски кој беше двоен стрелец и Антонио Стојковски.

Во пролетниот дел Новаци со Кораб од Дебар ќе води тесна борба за првото место и баражот кој води во Втора лига. Што се однесува од кичевскиот Велазерими, овој третолигаш е лидер во Трета лига – Запад и во пролетниот дел останува со амбициите да го сочува првото место и да обезбеди пласман во Втора лига. Најсериозен конкурент на Велазерими Ј 1977 е екипата на Зајази.