
Актуелниот шампион Форца преку Зоран Левески и Берат Рамадани слави во големото дерби во Првата футсал лига против екипата на Проект, која е конкурент за Форца за титулата со резултат од 2:1.
Форца прва поведе со два гола предност преку Левески и Рамадани, а потоа гостинскиот тим преку Никола Анчевски намали на 2:1 на полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа, а резултат од првиот дел стана конечен.
Со оваа Форца е прва на табелата со плус пет бодови во однос на Проект кој е втор.
Повеќе информации околу осмата рунда, табелата и комплетна анализа на Првата футсал лига во утрешните спортски вести на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет