Форца сака нова двојна круна, Осогово сака историска Куп титула!

Екипата на Форца ја одбрани шампионската титула во Првата футсал лига на Македонија, без апсолутна конкуренција тимот на Форца лесно стигна до нова титула во низа.

Пред најдобриот тим во Македонија е нов предизвик освојување и на Куп титулата и со тоа Форца да дојде до нова двојна круна што е цел на тимот за тековната сезона.

Во големото финале од футсал Купот, кое според нашите информации неофицијално треба да се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш на 27 април (недела) се најде и Осогово. Тимот од Крива Паланка игра историско Куп финале и оди по прва титула.

Куп титулата е предизвик и за едните и за другите, можеби мал притисок ќе има Форца која е бранител на Куп титулата, а пак Осогово оди на се или ништо бидејќи и нема што да загуби. Тимот од Крива Паланка веќе испиша историја со тоа што се пласираше во големото финале, а сега сака уште една историја, а тоа е освојување на Куп титулата.

Александар Ванев, М-Нет