
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има нов сопственик од Унгарија. Информацијата за новиот сопственик на македонскиот прволигаш беше објавена на профилот на Вардар на социјалната мрежа„X“.
Во објавата која беше објавена од страна на ФК Вардар на „Х“ се вели дека новиот сопственик од Унгарија има превземено 85% од акциите на АД ФК Вардар, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото. Како што е наведено во објавата сопственикот е Атила Бижен Жалили.
„Од 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото. Следи финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар“, се вели во соопштението на ФК Вардар на социјалната мрежа „Х“.
Од 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.
— FCVardar (@VardarFC) October 8, 2024
Следи финансиска, организациона и резултатска… pic.twitter.com/EO14KwhbzF
Вардар се наоѓа во долниот дел од табелата во опасната зона со седум бодови, а после репрезентативната пауза ќе игра со Беса во Гостивар.
Александар Ванев, М-Нет