Филип Димоски е нов напаѓач на Охрид

Второлигашот Охрид за пролетната полусезона се засили со напаѓачот Филип Димоски, кој доаѓа од редовите на прилепска Победа.

Тоа што телевизија М Нет го најавуваше уште пред нова година веќе и се случува. Повеќе играчи си заминуваат од прилепскиот второлигаш, а еден од нив е и 24-годишниот Димоски.

Новиот напаѓач на Охрид покрај за Победа има настапувано и за Детонит Плачковица, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино, Осогово и 11-ти Октомври.

Александар Ванев, М-Нет