Физички ја нападнал невенчаната сопруга во Виница, приведено едно лице

На 20.03.2022, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода А.К.(35) од Виница затоа што околу 16.00 часот пред продавница во Виница  физички ја нападнал неговата 26-годишна невенчана сопруга. По комплетирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.