Уште шест дена важи мерката за намалување на цените на училишниот прибор, има ли ,,фајде“?

Уште само шест дена важи мерката за намалувањето на цените на училишниот прибор. По 16 септември, кај граѓаните останува прашањето ќе се врате ли се по старо, високи цени и празни паричници. И со попуст едно дете чини по неколку илјади денари, а кога би се зело во предвид за две или три, многу повеќе. Баби и дедовците на терен признаваат, помагаат, ама сепак недоволно.

Ако повозрасните не помагаат, тогаш едвај ќе се прекара месецот, додаваат анкетираните. Ако треба да се мисли за прибор за во училиште, треба да се мисли и за храна, истакнаа тие.

Иако учебната година започна и основен прибор родителите купија, но она што ги загрижува постарите е фактот дека истот прибор се троши, па после два месеци, ќе бидат потребни повторно санкции и мерки.

Иван Митев, М-Нет