
Денеска (16.12.2021) околу 07.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(21) од Штип, со живеалиште во с.Старо Балдовци, општина Босилово. При претрес во неговото живеалиште, извршен со судска наредба, во дворот и во куќата биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети. Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.