Утре 19-ти ,,Марш за ангелите“ во Кочани со почеток од 18:05 часот

Со фотографиите на починатите чеда, транспаренти и со многубројни сеќавања, утре по 19 пат ќе се одржи марш за Ангелите во Кочани. Маршот започнува точно во 18:05 часот од градскиот парк и ќе помине низ важни точки во градот, вклучувајќи ги трговскиот центар, општинската зграда, полицијата и ќе заврши пред Судот и Јавното обвинителство во Кочани. И овој пат тие ќе бараат одговорноста и одговори од надлежните институции со цел напредок во истрагата и донесување на правдата. Пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март , резултираше со трагична загуба на 62 животи и повеќе од 200 повредени. За семејствата на настраданите, болката е неизмерна, а барањето на правда е постојано присутно.

Како што велат организаторите, маршот не е само за нив, туку за сите кои сакаат да се запишат на страна на правдата и да ја поддржат нивната борба. Секој чекор од маршот е обележан со сеќавање на загинатите и барање за праведно решение.

За секој што сака да се приклучи, маршот започнува точно во 18:05 и ќе се движи низ централните делови на Кочани. Организаторите апелираат на достојно учество, нагласувајќи дека се работи за личен и емотивен настан за сите тие кои ја изгубиле својата драгата личност во трагедијата.

Иван Митев, М-Нет