
В четврток,10 јули 2025 година, ќе спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.
Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја реализира втората фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
По барање на Општина Кочани, избраниот економски оператор, в петок, 11 јули, ќе изврши рачно третирање против инсекти на локации каде што ќе се одвиваат настани по повод Петровден: СРЦ „Бавчалук“, на зелените површини пред Црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ и во Градскиот парк во Кочани.
Третирањето ќе се изведува со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.
Оваа година прскањето против комарци во Кочани започна на 19 јуни кога првпат се спроведе тереистичка дезинсекција.
В.Д, Градоначалникот Венко Крстевски најави дека ќе се зголеми обемот на авионско прскање, а побара помош од Владата за да се прска против комарци и на Пониква.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет