Утре ќе се знае кој ќе биде новиот ректор на УГД Штип

Новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде избран утре! Во фокусот на академската јавност е прашањето кој ќе добие доверба да ја води оваа институција со над 12.000 студенти и десетици факултети, институти и лаборатории.

Изборот се спроведува на слободни, непосредни и тајни избори од страна на наставно-научните и уметнички совети. Право на кандидатура имаат само редовни професори со македонско државјанство.

Покрај формалната пријава, кандидатите доставија и програма за работа, лична и научна биографија, како и библиографија – со што веќе почнаа дебатите за визиите и иднината на УГД.

Избраниот ректор ќе го преземе мандатот на 15 септември и ќе ја води институцијата до 2028 година. Од него се очекува не само да ја зачува академската стабилност, туку и да ја засили меѓународната позиција на Универзитетот.

Одлуката што ќе ја донесат членовите на советите утре – ќе го одреди правецот на универзитетскиот развој за наредните три години. Останува прашањето: кој ќе биде новиот прв човек на УГД?

Инаку, Дејан Мираковски- доктор на технички науки, беше ректор на УГД Штип од 2022 година до денес и одговорно го водеше овие три години самиот универзитет.

Иван Митев, М-Нет