
Утре во 17 часот во Скопје работниците излегуваат на протест преку кој ќе побараат зголемување на минималната плата, однонсо истата да изнесува 600 евра. Под мотото „Денот кога зборуваат работниците“ ССМ поддржан од синдикатите за образование, култура, полиција и медиуми ќе го изразат своето незадоволство од ниските плати. Од „Гласен текстилец“ Штип децидни дека минималната плата мора да се зголеми бидејќи државата се наоѓа на дното споредбено со државите од регионот.
„Утрешниот протест е и тест за сите нас колку ќе се појавиме во Скопје пред Влада и да побараме минимална плата поголема од ова што сега го земаме, бидејќи ако Македонија изминатите години работеше на зголемување на платата, ќе видиме дека измината година Власта нема соработка ниту со граѓански организации, ниту со активисти, ниту со синдикати. Остануваме на дното со минимална плата во споредба со другите земји“ – вели Ампева.
Ампева упати апел до сите работници масовно да го поддржат протестот во Скопје со цел да ја добијат платата која ја заслужуваат. Како што вели таа со денешната минимална плата младите не би останале да работат во државата.
„Сметам дека масовноста е потребна за Владата и носители на функции да видат дека земаат плата благодарение на нас.“ – вели Ампева.
Во врска со утрешниот протест премиерот Христијан Мицкоски истакна дека секој има право да протестира, додавајќи дека согласно Законот минималната плата ќе биде зголемена во март годинава.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет