
Утре наутро започнува пописот како една од најзначајните статистички операции во државата. За реон 16 општините Штип и Карбинци се е подготвено, има доволен број на реонски попишувачи и инструктори, з задоволителен е и бројот на резерва која се бара. Обуката за реонски попишувачи и инструктори е успешно спроведена, а на пописот ќе попишуваат само квалитетни кандидати.
„Општината Штип како Комисија за пописен реон 16, општините Штип и Карбинци е подготвена за да отпочне со пописот. Имаме 129 реонски пописшувачи и 13 реонски инструктори. Сите посетуваа обука, инструкторите три дена, попишувачите три дена, по нивно барање беше продолжена инструктажата за уште по два дена. Државните инструктори се задоволни од изборот на попишувачи и се надеваме дека на терен нема да имаме проблем. Утре во 08 часот првите попишувачи ќе бидат на терен“ – истакна Соња Китанова, Претседател на КПР
Во Општина Штип има 238 пописни кругови, а во Карбинци 41. За почеток сите попишувачи се задолжени со по еден пописен круг истовремено се охрабрени побрзо да го завршат за да земат друг, тоа значи дека колку повеќе пописни кругови се завршат толку поголем ќе биде надоместокот.
Китанова ја искористи приликата да упати апел до граѓаните да соработуваат и да се попишат секако со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.
Инаку за попишувачите има упатство на кој начин ќе бидат платени, истите имаат еден фиксен надоместок, како и надоместок за попишан граѓанин, станбена единица и домаќинство што значи дека во најдобра варијанта ќе земат до 30 илјади денари.
Лаура Стојанова М-Нет